Анастасија Ражнатовиќ во најсмелото издание досега: Кратката јакна и фустан ѝ ја истануваат совршената линија (ФОТО)
Младата пејачка изгради единствен и впечатлив стил по кој многумина ја препознаваат...
Анастасија Ражнатовиќ дефинитивно со гордост може да ја понесе титулата една од најстилизираните жени на српската јавна сцена.
Убавата ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку години почна да ја гради сопствената музичка кариера, а јавноста за брзо време ја засака.
Секое нејзино појавување привлекува огромно внимание, а модните комбинации кои ги носи таа може да се споредат со оние кои ги носат светските ѕвезди.
Така беше и овој пат. Анастасија, на еден настан во Белград се појави во ултра модерна кратка розова јакна, под која носеше краток фустан во кралско сина боја.
Целата комбинација ја надополнија чизмите до колена кои беа комбинација од розова и сина боја.
фото: Принтскрин / Инстаграм