Анастасија Ражнатовиќ за Немања Гудељ: Во врската ми е супер, сѐ ми оди добро!

Анастасија Ражнатовиќ за Немања Гудељ: Во врската ми е супер, сѐ ми оди добро!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ражнатовиќ често престојува во Шпанија, каде што Гудељ игра за Севиља...

Младата пејачката Анастасија Ражнатовиќ проговори за врската со фудбалерот Немања Гудељ, која трае веќе неколку месеци.

Имено, пејачката се појави на ревијата на Биљана Типсаревиќ, видно расположена и насмеана, а во таа прилика откри дека на љубовно поле е сѐ како што треба.

„Во врската сѐ е супер. Сѐ ми оди добро“ - кажа Ражнатовиќ.

Анастасија по враќањето од Герминија, каде што имаше настап, доживеа мала непријатност, кога на аеродромот сфатила дека ѝ го нема куферот.

„Куферот е пронајден“ - кажа Анастасија, па откри со кој ѝ е најлесно да настапува.

„Најлесно ќе ми падне настапот со Цеца, бидејќи тоа ми е како да одам на настап со другарка ми“ - истакна Анастасија за „Блиц“.

Да потсетиме, Анастасија и Немања се во врска повеќе од еден месец, а иако се познаваат подолг временски период, љубовните искри помеѓу нив се разгореле неодамна, кога фудбалерот престојувал во Србија.

Ражнатовиќ го запозна семејството на фудбалерот, додека фудбалерот уште ја нема запознаено мајката на пејачката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, а тоа ќе го направи овој месец, кога ќе престојува во Србија.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: