Анџелина Џоли и Шајло на прошетка: Ќерката во опуштено издание, додека мајката остана доследна на својот стил (ФОТО)

Анџелина Џоли и Шајло на прошетка: Ќерката во опуштено издание, додека мајката остана доследна на својот стил (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Опуштен стил и безвременска класика - Шајло и Анџелина уловени на улиците на Лос Анџелес...

Шајло Џоли Пит и нејзината мајка Анџелина Џоли уживаа во шопингот и опуштената прошетка носејќи лежерни комбинации, секоја во свој стил.

Шајло носеше џемпер и широки фармерки со висок струк, додека Анџелина за нешто што повеќе одговара на нејзиниот стил - безвременско здолниште со А-крој и џемпер со долги ракави. Ќерката во оваа прилика на нозете имаше патики, а Анџелина високите потпетици ги замени со балетанки.

фото: Profimedia/Backgrid USA

Тие две во последно време сѐ почесто одат на прошетки без многу да се оптоваруваат со својот изглед и модни комбинации.

Во Лос Анџелес конечно е укината мерката носење на маски во затворен простор, но ѕвездите и понатаму сакаат да останат безбедни, па така тие не ги симнуваат ни за време на прошетките.

Синооката Шајло добрата генетика за витката линија ја има примено од двата родители, но тоа е единственото што го дели со мајка ѝ. Нивното чувство за мода драстично се разликува, бидејќи кога Шајло ја придружува мајка ѝ на црвените килими секогаш одбира патики, наместо високи потпетици. Нејзиниот стил доживеа драстична промена во последно време, бидејќи Шајло секогаш со задоволство одбира опуштени комбинации, но неодамна се појави и во фустани, на воодушевување на својот татко Бред Пит.

Актерката неодамна Шајло ја однесе на специјално патување во Камбоџа, каде е роден Медокс, посвоениот син на актерката. Таа во една објава напиша колку нејзиното семејство уживало во ова патување.

„Неколку дена во Камбоџа помеѓу топлите локални луѓе и веќе чувствувам дека душата ми се опоравува. Оваа земја отсекогаш била посебна за мене и моето семејство“ - напиша таа во описот на фотографијата.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: