Анџелина откри како ја смирува вознемиреноста на своите деца за време на пандемијата на коронавирус

Анџелина откри како ја смирува вознемиреноста на своите деца за време на пандемијата на коронавирус

Објавена во: Совети // Семејство

Анџелина Џоли веќе подолго време ја користи својата платформа за да го привлече вниманието кон глобалната неправда. Во едно ново интервју, Џоли искрено зборуваше со Harper's Bazaar UK за тоа како пандемијата на коронавирус влијаела на нејзиното гледање на светот, а воедно како се справила со вознемиреноста на нејзините шест деца.

Џоли за првпат даде одговор на прашањето дали целата оваа ситуација ја натерала да го преиспита она што е важно за неа.

„Имав среќа пред неколку години да го патувам светот со ООН и тоа во првите редови и да создадам перцепција за она што навистина е важно. Имајќи шест деца, секој ден се потсетувам на она што е најважно. Но, по скоро две децении меѓународна работа, оваа пандемија и овој момент во Америка ме натера да ги преиспитам потребите и страдањата на мојата земја. Јас се фокусирам и на глоболно и домашно ниво; тие секако се поврзнаи. Има повеќе од 70 милиони луѓе кои морале да ги напуштат своите домови низ целиот свет поради војна и прогонство - и тука е расизмот и дискриминацијата во Америка. Системот ме штити мене, но не може да ја заштити ќерка ми (Захара, 15 - годишната ќерка, која Џоли ја посвои од Етиопија кога имаше шест месеци) - или било кој друг маж, жена или дете во нашата земја на основа на бојата на кожата - тоа е неподносливо. Имаме потреба прогрес, во поглед симпатиите и добрите намери на законите и полицијата, кои всушност се однесуваат на на структурниот расизам и неказнивост. Да се стави крај на злоупотребата во полицијата е само почеток. Работите се многу пострашни во сите аспекти на општеството, од образовниот систем до нашата политика.“

По ова Џоли го доби прашањето дали има совет за тоа како да се подучуваат децата околу расизмот, а даде едноставен одговор: „Да ги слушнеме сите што се обесправени и никогаш да не претпоставуваме дека ги знаеме.“

Актерката се насочи и на тоа како таа и нејзиното семејство се справија со вознемиреноста поради пандемијата на коронавирус. Џоли се фокусирала на своите деца и нивните миленичиња, кои ги имаат во голем број.

„Како и повеќето родителите, јас се фокусирав да останам смирена за моите деца да не ја чувствуваат мојата вознемиреност, како капаче на сè она за што се грижат“ - рече таа. „Ја вложував целата своја енергија во нив. За време на карантинот, зајачето на Вивиен почина за време на операцијата, а ние посвоите две слатки малечки кои беа со посебни потреби. Тие треба да бидат во пар. Многу се нежни и тоа помогна да останеме фокусирани повеќе на нивната грижа. И секако, на кучињата, змијата и гуштерот...“

Целото интервју на познатата актерка може да го прочитате ТУКА.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: