Ања Ветерова како Бијонсе: Апсолутна доминација на настап во Америка

Ања Ветерова како Бијонсе: Апсолутна доминација на настап во Америка

Објавена во: Stars // Музика

Веќе сите добро знаеме дека младата пејачка Ања Ветерова своето музичко образование го продолжи на престижниот Универзитет „Беркли“, во САД.

Од таму редовно ги известува своите следбеници за успесите кои ги реди - високите оценки кои ги добива, концертот што го имаше, а на кој гостинка ѝ беше Ерзана, потоа многуте кавери со кои ги почестува своите обожавателите... А, сега повторно приреди вистинско изненадување на Инстаграм.

Имено, Ања сподели видео на кое пее песна од познатата светска ѕвезда Бијонсе и на кое по танцувачките чекори, облеката, шминката и фрузурата многу наликува на неа. Овој настап на нашата пејачка беше организиран во рамките на завршната забава на „Беркли Бијонсе Ансамблот“ во кој и самата Ања е дел.

„Толку сум благодарна што имав шанса да работам, градам, растам и да блескам со сите овие убави и неверојатно талентирани души.“ - напиша Ања покрај видеото.

Како изгледаше оваа изведба на Ања, погледнете во продолжение:

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: