Ања Ветерова побара помош од следбениците: Корона каде треба да бидам?
Веќе некое време низ целиот свет владее тензија поради коронавирусот. Луѓето ширум светот се преплашени и постојано читаат препораки за тоа како да се заштитат. И, додека сите се интересираат за тоа во која држава колку заболени има и дали ќе дојде крајот на оваа агонија, младата пејачка Ања Ветерова побара помош од нејзините следбеници на Инстаграм.
Имено, веќе добро знаете дека таа студира во во Соединетите Американски Држави, на реномираниот универзитет Беркли и моментално таа престојува таму. Па така, оттаму сподели Инста стори во кое ќе им дозволи на следбениците да гласаат за прашањето „Корона каде треба да бидам?“. Опциите кои беа понудени се - Македонија и САД.
60% од оние кои гласаа се изјаснија дека треба да се врати во Македонија, а кога ги сподели резултатите, напиша: „Одлуката е донесена. Ќе ја дознаете наскоро.“
Дали ова значи дека Ања се враќа во Македонија, останува да дознаеме од некое нејзиното стори.