Анорексијата полека, но сигурно станува проблем број 1 помеѓу младите

Анорексијата полека, но сигурно станува проблем број 1 помеѓу младите

Ова е сѐ поголем проблем помеѓу младите, особено девојките.

Бројот на тинџери и деца примени во болница поради пореметување во исхраната во последната деценија алармантно се зголеми.

Па така бројот на личости до 18 години од 1.700 во 2010 година, скокна на 4.500 минатата година. Уште полошо од тоа, кога се во прашање децата помлади од 13 години, бројот се дупло се има зголемено од 2010 година. Конкретно, од 74 на 229 деца.

Покрај вознемирувачкото зголемување на бројот на млади личности со пореметување во исхраната, експертите предупредуваат дека социјалните мрежи и диетите кои ги пропагираат разни познати личности, значително придонесуваат за овој тренд. Особено се забрануваат т.н. интернет „про ана“ страници кои ја поттикнуваат анорексијата, пишува rtl.hr. Исто така се истакнува дека е потребно да се прилагоди образованието на персоналот од областа на медицината, со цел полесно да се идентификуваат знаците на нарушување во исхраната кај младите.

„Постои растечки тренд кај децата кои се на диета. Додека возрасните личности се научени да ги игнорираат советите за губење на килограмите, особено во овој период од годината, кај децата тие имаат големо влијание“ - вели д - р. Агнес Ајтон од Royal College of Psychiatrists во Лондон и додава дека вниманието треба да се насочи на групите на социјалните мрежи кои поттикнуваат нездраво однесување, особено познатите личности кои се често пример за децата, а промовираат разни диети.

Важно е да се запамети дека не се само девојчињата под ризик. Минатата година во болница се примени 6 девојчиња помлади од 9 години со пореметување во исхраната, а 10 момчиња на иста годишна возраст. Во категоријата од 10 до 12 години се примени 186 девојчиња и 27 момќоња. Во периодот 2018/2019 година помеѓу личностите од 18 години и помлади, оваа појава е највообичаена кај оние помеѓу 13 и 15 години, од кои 1.056 девојчиња, а 53 момчиња. Пореметувањата во исхраната се помеѓу најсмртоносните ментални пореметувања. Tom Quinn, член на добротворната организација Beat, изјави дека социјалните мрежи никогаш не се единствена причина за развивањето на пореметувањето во исхраната, но може да имаат неверојатно штетно влијание на луѓето кои веќе боледуваат од него.

„Т.н. „про ана“ (анорексија) и „про миа“ (булимија) содржинидополнително ја стимулираат болеста кај луѓето кои се борат со неа, а истите се лесно достапни.“ - рече Quinn и додаде дека платформите на социјалните мрежи би требало да се погрижат содржината од тој тип не се пласира, како што е случај со сликите со самоповредување.

Ема Томас извршната директорка на здружението Young Minds, истакна дека децата и младите и понатаму тешко добиваат помош пред случајот да достигне критична точка. „Добивањето помош во раната фаза на појава на пореметување мже да ја спречи ескалацијата на проблемите, односно се зголемува веројатноста дека личноста потполно ќе се опорави. Владата мора раното открива да го направи приоритет и да се осигура дека секое дете ќе добие помош кога ќе му биде потребна“ - рече Томас. Помеѓу 2017 и 2018 година имало приближно по 16 повици на ден упатени на линиите за поддршка на децата, како што е NSPCC's Childline, од страна на деца кои се борат со анорексија и булимија, а анализата покажала дека децата се бомбардирани од советите како да го сокријат своето пореметување од семејството и пријателите.

Можеби ќе ве интересира: