Антониа Гиговска го кажа судбоносното „да“: Честитката од познатата српска пејачка ги изненади сите (ФОТО)
Како гром од ведро небо соопшти дека го кажала судбоносното „да“...
На последниот ден од месец април, во интимна атмосфера пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот избраник, музичарот Роберт Спасенцовски познат како Џокер, со кого го очекува своето првото дете, ја крунисаа својата љубов.
Многумина се изненадени бидејќи целата церемонија не беше проследена од медиумите, иако се очекуваше дека Антониа ќе направи голема свадба.
Веста за венчавката, Гиговска и Роберт ја објавија на своите Инстаграм профил, каде споделија по неколку свадбени фотографии.
Честитки пристигнуваа од сите нивни пријатели, членови на семејството, колеги и следбеници, а особено внимание предизвика онаа од колешката Анастасија Ражнатовиќ, која пред неколку дена откри дека е бремена и дека во септември на Цеца ќе ѝ ја подари првата внука.
фото: Принтскрин / Инстаграм