Антониа сподели фотка со Ламбе Алабаковски: Дали ова е најава за нова музичка соработка?
Во времето кога Ламбе Алабаковски беше во екот на популарноста, најголемиот број на обожаватели беа дечиња, кои го следеа на сите концерти, но и му ги знаеја песните од почетокот до крај. Но, наеднаш тој реши да ја стави музичката кариера во мирување и да замине во Америка, каде неколку години живееше со својата сопруга и синови.
Сега, повотрно се врати во Македонија и секако на музиката. Многу од неговите обожаватели кои во минатото беа деца, а денес веќе созреани личности се израдуваа на оваа вест и со нетрпение очекуваат да почне да објавува нова песна.
Сето тоа ја израдува и младата пејачка Антониа Гиговска, која на Инстаграм профилот откри колкав обожавател на Ламбе била, но воедно и најави и соработка со познатиот пејач.
„Си растев со неговите песни, јас пораснав и почнав да пеам, он ни се врати назад од САД и сега пак ни е тука... Иииии што мислите?“ - напиша Антониа покрај фотографијата со Ламбо, а со ова ги поттикна следбениците да погодат за каква соработка станува збор.
Иако уште не се знае за што станува збор, обожавателите на Антониа и Ламбе веќе се обидуваат да откријат за што станува збор.
„Кавер на „Бело е се“, дует“, „Печени за дует“, „Дефинитивно ДА“ - се само дел од коментарите кои се најдоа на фотографијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм