Апсолутен хит: Џеј Ло на почетокот на новото видео иста како Ана Николиќ во „Било је лето“
Латино дивата Џенифер Лопез вчера ја објави дуетската песна со Малума, а нивното видео ги изненади сите поради поединечните сличности кои ги има со видеото на Ана Николиќ.
Првата сцена е иста како онаа од видеото на Ана за песната „Било је лето“, кое пејачката го објави уште на 14 февруари.
Џеј Ло седи на тераса и чита весник кој е полн со текстови за неа, исто како и Ана во своето видео. Освен ова, интересен е фактот што светската ѕвезда е облечена слично како Николиќ и има бела крпа на главата.
За тоа дали има други сличности или не ве оставаме да процените сами, а тоа може да го направите откако ќе го погледнете видеото: