Ариана го освои првото ГРЕМИ, а не се појави на доделувањето?

Ариана го освои првото ГРЕМИ, а не се појави на доделувањето?

Објавена во: Stars // Музика

Постојат неколку причини зошто Ари не се појави на големата Греми церемонија.

„Знам дека вечерва не сум таму (верувајте ми се трудев и уште ми е искрено жал што не ми успеа) и знам дека зборувам да не посветувате премногу внимание на вакви работи, но сепак ова е лудо и прекрасно. Ви благодрама од срце.“, напиша на Твитер пејачката накусо откако ја доби наградата.

Ари освои Греми за најдобар поп албум, но не отиде да си ја подигне наградата.

Имено продуцентите на Греми не се сложиле со Ариана околу изборот на песната за нејзиниот настап, пренесува Variety.

Ари се почувствувала навредено бидејќи продуцентите не сакале таа да го пее нејзиниот нов хит '7 rings'. Се обиделе да направат компромис околу настапот, но сепак Ариана се откажала од присуството на церемонијата.

Цела оваа драма воопшто не ја погоди пејачката. Таа на Инстаграм објави неколку фотографии во фустанот кој требала да го носи на доделувањето на наградите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: