Ариана Гранде ги моли своите обожаватели: Вакцинирајте се, спасете нечиј живот

Ариана Гранде ги моли своите обожаватели: Вакцинирајте се, спасете нечиј живот

Објавена во: Stars // Музика

За жал, коронавирусот сѐ уште дивее и носи животи, а докторите се најмногу разочарани што младите и понатаму одбиваат да се вакцинираат. Иако на сите им е јасно дека пандемијата сама по себе нема да престане, многу луѓе стравуваат дека ќе им се случи нешто доколку се имунизираат. Помеѓу нив е и Ариана Гранде, која е вакцинирана, а сега ги моли и сите оние кои ја сакаат и почитуваат да го направат истото.

Така, Ариана на својот Инстаграм профил објави гламурозно селфи на кое ја гледаме как оноси маска, а потоа сподели и важни информации за Делта сојот на вирусот. „Јас сум вакцинирана и носам маска. Ова е само мое нежно потсетување и молба да се вакцинирате доколку смеете. Сево ова сѐ уште не е завршено. Ги споделувам овие информации, бидејќи мене ми значи, и ако можам, би сакал да помогнам на некој кој сѐ уште се двоуми да ја донесе таа одлука.“

„Овој Делта сој на вирусот е многу нов и постојано се менува, а јас ќе ви оставам неколку линкови со цел да се информирате... знаеме дека се пренесува многу побрзо од претходните соеви. Најголеми носители на заразата не невакцинираните луѓе во местата каде што има малку вакцинирани. И да, иако и понатаму може да се заразите иако сте вакцинирани, вакцината ве штити од тоа сериозно да се разболите, да завршите во болница и да умрете. Ве молам да се одлучите за вакцинизација. Спасете живот или два. Кој знае.“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: