Ариана Гранде го деактивираше профилот на Твитер: Што се крие зад таа одлука?
Доколку во овој момент на Твитер пребарате @arianagrande, ќе ја добиете пораката: Овој профил не постои, обидете се да побарате некој друг. Да, добро прочитавте - поп ѕвездата повеќе не е дел од оваа социјална мрежа.
Обожавателите сега дебатираат - дали е во прашање стратегија пред објавувањето на нова музика или решила да оди на празничен детокс од социјалните мрежи.
ariana went from telling us she loves us every day to deactivating… these r dark times. pic.twitter.com/qxfyf1gbha
— caleb is merry. (@imaginetears) December 24, 2021
Ariana’s Twitter account has been deactivated. pic.twitter.com/OSIcuLjPHq
— Ariana Grande Today (@ArianaToday) December 24, 2021
ariana deactivated. there’s no point of twitter anymore. pic.twitter.com/mBPEmNWbJ3
— (@DIORSVISION) December 24, 2021
Она што е интересно е дека токму на Божиќ, Ариана беше најслушан изведувач на Spotify - нејзините песни се стримувани повеќе од 26 милиони пати, само во еден ден.
Ова веројатно има врска со тоа што ден пред тоа премиерно беше прикажан филмот „Don't Look Up“, во кој има помала улога, за чии потреби ја сними и истоимената песна.
Песната ја изведе на финалето на музичкото натпреварување „The Voice“, каде што беше дел од жирито.
.@arianagrande & @kidcudi's performance of "Just Look Up" will leave you in awe. #VoiceFinale pic.twitter.com/VxNBrMndwO
— The Voice (@NBCTheVoice) December 15, 2021