Ариана Гранде како моден пример: 5 работи на кои им се зголеми популарноста откако ги облече (ФОТО)

Ариана Гранде како моден пример: 5 работи на кои им се зголеми популарноста откако ги облече (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Некои познати личности имаат големо влијание на модната индустрија, а Ариана е една од нив...

Со оглед на бројот на девојки кои ја следат Ариана Гранде, не е невообичаено некои детали од нејзиниот изглед многу од нив да почнат да ги копираат. Кога ќе видат дека на неа нешто супер ѝ стои, сакаат и тие да го направат истото и да изгледаат толку добро.

Не знаеме дали намерно или случајно ги започнала овие трендови, но откако таа почнува да носи нешто, тие работи почнуваат да се гледаат насекаде на многу други луѓе. Најпозната е по своето долго коњско опавче, кое и стана заштите знак. Иако високото коњско опавче не е ништо ново, никогаш не било волку популарно како во последните години. И тоа е само еден од трендовите кои ги започна Ариана Гранде. Во продолжение погледнете кои други трендови се во прашање, а од кои и ти најверојатно носиш некои, а кои станале популарни благорание на оваа пејачка.

# Супер високо коњско опавче

Нејзиниот заштитен знак и фрузира по која секој може да ја препознае. Иако во последно време носи малку пократко опавче и во друг стил, со годинини носеше екстра долго и екстра високо и залижано опавче. Иако високото опавче не е ништо ново, многумина го опишуваат како „опавчето на Ариана Гранде“.

# Дуксер и чизми над колена

Модна комбинација во која оваа пејачка може да се види најчесто. Предимензионирате модели на дуксери ги носи како фустани, а со нив комбинира и високи чизми над колена кои се задолжително со високи потпетици. Бидејќи Ариана е многу ниска и има околу 153 сантиметри, ова е еден од начините на кој се обидува да создаде илузија дека е повисока од тоа што всушност е.

# Мачкини уши

На почетокот на кариерата еден период постојано носеше мачкини уши и нејзините обожаватели со задоволство го прифатија овој тренд. Станува збор за венче со уши какви што можеш да видиш во продавниците во период кога има маскембали. Таа ги носеше како дел од комбинациите на настапите и фотосесиите. Секако дека не требаше да помине долго време пред девојките да почнат да купуваат токму вакви венчиња. Овој тренд повеќе не го носи толку често, но понекогаш му се враќа, но во тоа време беше вистински хит.

# Тетоважи на рацете и прстите

Зборовите „тетоважа“ и „женствено“ не одеа баш заедно, но во последните години, како што станаа тетоважите популарни, се пронајдоа начини за некои обични мотиви да изгледаат слатко и женствено. Арианата има многу тетоважи, а најпопуларни се оние кои ги има на прстите и на дланките. Станува збор за многу мали мотиви кои изгледаат многу убаво и одеднаш многу девојките ставаат вакви тетоважи на истото место.

# Фотографии на Инстаграм кои се свртени наопаку и на една страна

Ариана обожава да објавува фотографии на Инстаграм од кои ќе ве заболи вратот ако сакате да ги видите нормално. Објавува и фотографии кои се на вистинската страна, но често има и такви кои се свртени наопаку или на една страна. Ова почна да го прави уште во времето кога го издаде абумот „Sweetener“, чија насловна фотографија беше во овој стил. И до ден денес, 4 години подоцна и понатаму редовно вака објавува фотографии.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: