Ариана Гранде се откажа од фризурата која ја носи со години: На следбениците им ја покажа новата боја (ФОТО)
Веќе некое време има темно кафена боја на коса...
Во последно време, како многу познати личности да прават промени, кога е фризурата во прашање и изненадно објавуваат селфиња со сосема поинаква боја на коса. Сега кон овој тренд се приклучи и Ариана Гранде.
Пејачката е позната по тоа кога ќе најде некоја фризура која ѝ се допаѓа, ја носи постојано, што со текот на времето ѝ станува заштитен знак. Кога стана популарна, стана популарно и нејзиното долго коњско опавче. Го носеше со години, сѐ до неодамна кога го замени со неговата пократка верзија. Иако за фотосесиите и насловните корици на албумите става и перики и ја менува косата, тоа не се фризури кои и остануваат. Што и да прави, не се откажува од својата боја на коса - кафената. Но, со последната објава на Инстаграм ги изненади сите и сигурни сме дека некои нејзини обожаватели не ја препознаеле од прва, бидејќи Ариана ја промени бојата на коса.
Да, Ариана сега е русокоса! Јасно е дека не е во прашање перика, туку дека е нејзината вистинска коса. За сега со новата боја на коса објави само една фотографија, а едвај чекаме уште некоја, на која подобро ќе се види како ѝ стои. Не е некој кој пречесто објавува фотографии на Инстаграм, но затоа ги следиме и сторињата кои ги објавува, па таму би можело дополнително да сподели уште некоја фотка.
И русата и стои добро! Дури оваа промена им се допадна и на нејзините следбеници, кои имаат само позитивни реакции.
фото: Принтскрин / Инстаграм