Ариана Гранде соборува рекорди: Фотките од венчавката станаа најпопуларна објава на Инстаграм

Ариана Гранде соборува рекорди: Фотките од венчавката станаа најпопуларна објава на Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

По големото исчекување, пејачката Ариана Гранде објави фотографии од својата венчавка на кои беше и нејзиниот сопруг Далтон Гомез. Малку е да се каже дека сите беа воодушевени, а тоа го покажува и бројот на лајкови кои овие фотографии го имаат. Со неверојатни 25 милиони лајкови, Ариана го собори рекордот за најпопуларна Инстаграм објава, а веднаш зад неа се XXXTentacion и Били Ајлиш.

Минатиот петок е соборен рекордот, како што пренесува „Вог“, а тоа го направи Ариана Гранде со своите фотографии од венчавката во нејзиниот дом во Монтесити, Калифорнија. Сепак, најмногу лајкови на Инстаграм има објавата на профилот @world_record_egg со фотографија од јајце, но не е во иста категорија, бидејќи не прикажува луѓе.

Ариана исто така малку избега од традицијата и до олтарот ја испратиле од една страна нејзиниот татко, а од друга нејзината мајка. Исто така, бројот на лајкови на овие фотографии не е изненадување и поради тоа што Ариана носеше венчаница од познатата дизајнерка Вера Ванг. На овие фотографии беше забележан уште еден детаљ, а тоа е дека пејачката ги имаше прекриено сите свои тетоважи на рацете.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: