Астролог со турбулентна прогноза за оваа недела: Зошто вторник е ден кога треба да внимавате?

Астролог со турбулентна прогноза за оваа недела: Зошто вторник е ден кога треба да внимавате?

Астрологот Јасмина Мрдаљ предвидува што не очекува до крајот на неделата.

Хороскопот за оваа недела го започнуваме со транзитната Месечина низ знакот на Јарец, која ќе донесе обврски, грижи и стравови.

Уште в рани зори прави предизвикувачки аспект со Меркур, што може да донесе неповолни информации и вести за застои, препреки, блокади и ограничувања, особено во врска со старите и болни лица, како и враќање на старите проблеми од минатото, како и потешкотии во комуникацијата. Може да имате предизвици во сообраќајот или потешкотии да се изразите и на вистински начин да го кажете она што го мислите и чувствувате, а да не испаднете ладни и груби. Некои и понатаму ќе имаат желба за да се повлечат и да се дистанцираат. Попладневниот добар аспект кон Уран може да донесе движење во одредени ситуации и можност за промена на подобро.

Вторник е повторно ден за предизвици во кои ќе имаме неповолен аспект на Сонцето и Плутон, кои носат проблеми со виталноста, имунитетот, но и со надредените и личностите со авторитет. Можете да искусите напнати односи со луѓето кои на некој начин по хиерархија се на повисока положба од вас. Не влегувајте во конфликти, освен доколку навистина не сте подготвени да се борите за својата положба и да ги изнесете своите ставови и мислења. Избегнувајте агресивни личности, сомнителни места и личности кои се склони кон манипулација. Тоа најчесто се личности кои имаат некое значење во друштвото и колективот. Овие денови се соочуваме со карма, бидејќи последици од нашите постапки во минатата сега се појавуваат низ некои односи и ситуации. Овој аспект делува ден порано и ден покасно.

Среда ни носи засилени очекувања, претерување во секоја смила, но и разочарување поради неисполнети ветувања. Можеби ќе покажеме премногу ентузијазам, оптимизам и очекувања, додека околностите ќе ни укажуваат на спротивното. Тоа ќе пробуди стравови и потреба за контрола. Зголемената нервоза и стрес ќе биде присутна денес, па потрудете се да бидете флексибилни кога вашите планови ќе започнат да се движат во друга насока. Доколку очекувате некои пари или приходи може нема да се задоволите со износот.

Четврток искористете го за комуникација преку интернет, организација на онлајн учењето, поврзување со одредени групи на истомисленици, започнување на некои проекти, особено кои ќе влијаат на колективот и помагаат на заедницата и човековите права. Од рано утро ќе сте активирани, ќе одите во брзи прошетки или трчање, бидејќи во спротивно некој може да ве налути штом се разбудите. Во петок ќе се потрудите што повеќе да уживате, но без претерување во било што. Ќе бидете ускладени со она што го чувствувате и она што го мислите.

Петок вечер можете да си легнете порано, бидејќи Месечината ќе се пресели во знакот на Риба и тука ќе остане за време на целиот викенд, што оди во прилог на изолацијата, повлекувањето, молитвите, медитацијата, но и инспирацијата и креативноста. 

За време на викендот потешко ќе се будиме, ќе имаме раскошни соништа, но и потреба за малку алкохол. Викендот е најдобро да се искористи за емоции и партнерски односи, па дури и оние тајни или односи на далечина, кои ќе се одржуваат преку пораки и допишувања.

извор: телеграф.рс


Можеби ќе ве интересира: