Астролозите потврдија: Најсреќниот ден за љубов е наскоро и важи за сите знаци
Како што предвидуваат астролозите, на 27 јануари ќе дојде до порамнување на романтичната Венера и чувствителниот Нептун на небото, па така може да очекуваме дека ќе ги почувствуваме сите можни емоции во поглед на партнерството, пренесува Cosmopolitan.
Без оглед на тоа на кој хороскопски знак припаѓате, тогаш вашето срце ќе се затопли без оглед на мразот што го има во себе.
Овен
Животот ќе ви изгледа како да е ваш сопствен романтичен роман. Сепак, немојте премногу време да поминувате во кревет, па така да заборавите на сите свои останати обврски и односи како што се работата, пријателите и семејството.
Бик
За да не ви стане здодевно, важно е да флертувате и да одржувате опуштена врска без обврски во овој момент. Единствен проблем е кога улогите ќе се променат, па ќе посакате нешто повеќе.
Близнаци
Работата можеби е во хаос, но затоа саканата личност е на врвот на листата со приоритети. Правите измени на професионален план за да се прилагодите на својата сродна душа. Не грижете се, ќе го цени целиот ваш труд кој сте го вложиле за врската да може да функционира.
Рак
Ова е време кога планирате романтично патување со партнерот. Знаете, едно од оние на полу - пуст остров каде би можеле да се капете голи, а преку ден да јавате коњи на плажа. Ќе го направите овој сон јаве и ќе резервирате викенд било каде за да се поврзете на едно подлабоко ниво.
Лав
Вие доживувате чиста, силна присутност. Тоа подразбира рушење на сите ѕидови кои стојат помеѓу вас и личноста која ве привлекува. Тоа би можело да биде застрашувачки за било кој, освен вас, бидејќи вие сакате да бидете во центарот на вниманието.
Девица
Вие трагате по внимание. Желбата за тоа да се поврзете со некој посебен е поголема отколку што беше пред една недела. Ова нема да биде нешто што ќе помине, туку вистински ќе се поврзете со некој. Свадбените ѕвона ќе се слушаат во позади.
Вага
Дојде време да ви се подобри животот, зарем не? Како би изгледало кога вие ќе го преземете првиот чекор? Можете да запознаете некоја нова и згодна личност, која „не е ваш тип“, но изгледа дека ќе се „растопите“ кога ќе ги затворите очите.
Шкорпија
Првата средба денес би можела да биде почеток на нешто преубаво. Но, наместо да седите во локалниот бар и да зборувате за својот живот, бидете креативни! Изведете ја таа личност на некое друго место каде би се смееле и создале заеднички спомени.
Стрелец
Вие никогаш не сте биле тип кој сака да се обврзе на само една личност... Се досега! Поминете ја мрзеливата, зимска недела во кревет, разменувајќи нежности и меѓусебно зближувајќи се. Секако, во спалната соба мобилните телефони не се дозволени.
Јарец
Чувствувате желба за флертување. Направете го првиот потег така што ќе испратите порака на својата симпатија на Инстаграм. Не бидете нервозни! Ќе ве повика да излезете заедно уште пред да добиете шанса да го правите тоа.
Водолија
Имате таен обожавател кој е многу заљубен во вас. Пред да почнете да ја пребарувате својата листа на следбеници на Инстаграм прашувајќи се кој би можел да биде, запомнете: можеби му е потребно малку време пред да ви се обрати.
Риби
Ова е ваше време да заблескате на полето на романтиката! Врската овој ден може да ви се разбуди, правејќи да се чувствувате позаљубени од порано. Пробајте да останете приземни.