Астролозите предупредуваат: Ова ќе бидат најлошите денови во 2020 година
Годината која е пред нас ќе биде многу интересна доколку се суди по предвидувањата на астролозите.
Три пати Меркур ќе биде ретрограден, а многу средби и поклопувања на планети носат и бројни неволји. Подгответе се за деновите кои доаѓаат и вооружете се со трпение.
# 12 јануари - Меркур, Сатурн и Плутон во Јарец
Ова порамнување ќе се случи веднаш по затемнувањето на Месечината на 10 јануари и носи многу драма на самиот почеток на годината. Можеби ќе бидеме фатени на дело во љубовен триаголник или некоја кавга.
# 23 март - Марс и Плутон во Јарец
Подгответе се да бидете опседнати со остварувањето на вашите желби, какви и да се. Тоа за жал ќе значи дека ќе морате да изнервирате некој од пријателите или колегите. Ќе има и некои неубави работи во љубовните врски. Ќе имате некој чуден „вајб“ кој ќе ве турка напред, а тоа не секогаш е така лошо.
# 31 март - Марс и Сатурн во Водолија
Енергијата во овој период ќе не прави одлучни не само за да го освоиме светот, туку и на другите да им го наметнеме нашето мислење и верувања. Можеби би било подобро тој ден да се држиме подалеку од социјалните мрежи.
# 13 јуни - Марс и Нептун во Риби
Кога планетата на акцијата Марс и непостојаниот Нептун доаѓаат заедно, тие еден на друг си ја одземаат енергијата. Еден на друг ја мутираат космичката енергија, па ќе не направат неподготвени на некои реакции и ќе не натераат да застанеме во едно место без можност за движење во било кој правец. Очекувајте застој на сите полиња овој ден.
# 13 август, 9 октомври и 23 декември - Марс во Овен се среќава со Плутон во Јарец
Кога Марс ќе стане ретродраден на есен 2020 година ќе ја имаме таа несреќа да се сретнеме со оваа енергија три пати оваа година. Можеби ќе се случи да бидеме екстремично себични и на работа, но и во постела.
# 21 декември - Јупитер и Сатурн во Водолија
Ваквиот транзит се случува еднаш во 19 години. Собирот на овие планети, создава природна амбивалентост кога делуваат заедно. Не прават несигурни кога е во прашање нашата иднина и создаваат тензија во партнерските односи.
# 31 декември - Венера во Стрелец со јужната половина на Месечината
Ќе се изгубиме во љубовта. Оваа положба на планетите ќе направи да се чувствуваме болни од љубов и финансиски нестабилни, пишува Cosmopolitan. Ќе бидеме заглавени во минатото и најверојатно ќе тагуваме за некои од поранешните партнери, а можеби ќе направиме и неколку финансиски грешки и ќе се предадеме на погрешна личност.
Сега кога ги имаме овие денови пред себе може да испланираме однапред кој ден ќе го преспиеме и ќе им кажеме на сите дека сме болни.