Атина ги покажа луксузните места од одморот: Стајлингот на ќерката на Карлеуша зборува дека таа е копија на мајка ѝ
Нема драма поради евакуацијата, Карлеуша ужива со ќерките...
Атина Тошиќ со мајка ѝ, пејачката Јелена Карлеуша и сестра ѝ Ника, ужива во Турција, а по драмата која ја доживеаја на самиот почетокот на одморот, го покажа луксузот во кој уживаат.
Тие престојуваат во еден од најскапите хотели во Бодрум, а Атина покажа некои места во кои ужива, но и едно дрво која ја воодушеви.
Атина потоа објави фотографија и од себе, на која позира во цветен фустан, додека преку рамото носеше црна чанта.
Нејзиниот стајлиг воодушеви многумина, па сите почнаа да коментираат дека оди по стапките на мајка ѝ и дека е нејзина наследничка кога е во прашање непогрешивиот стил.
„Многу ви е убаво“, „Преубава девојка“, „Иста како мајка ѝ“, „Атина е копија на мама“, „Иста Јелена, точно можам да ја видам неа во некоја слична комбинација“, „Пракрасна си Атина“, „Преслатка си“ - се само некои од коментарите.