Атина Тошиќ донесе неочекувана одлука, Карлеуша вели: Сега е во таа фаза
Ќерката на Јелена Карлеуша е многу популарна на социјалните мрежи, и не само поради тоа што се знае која ѝ е мајка.
Поп дивата вели дека ако еден ден Атина ја надмине по влијание и слава, би била многу горда.
- Тоа не може да ме исплаши, може да ме направи само горда мајка - изјави Карлеуша и откри за неочекуваниот потег што неодамна го направи нејзината ќерка:
- Атина е мојот мал клон, копија, но таа е многу срамежлива. Дури и ги избриша сите слики од Инстаграм, во таа фаза е. На прашањето дали би ја поддржала својата ќерка доколку сака да стане јавна личност на 15 години, Јелена Карлеуша спремно одговори:
- Атина нема афинитет, ниту вроден талент за да биде пејачка. Не е некој што покажува склоност кон тоа. Но, таа е многу убава, згодна и висока. Зошто да не биде јавна личност во некоја друга сфера - модел, ТВ лице... Но не сега, рано е. Мора да има најмалку 18 години за да прави што сака. Нема да кажам дека сум строга мајка, но нема да попуштам.
Но, не само што ги избриша фотките, Aтина го тргна и нејзиниот никнејм, но и понатаму стојат сите 122 илијади следбеници.
извор:hellomagazin.rs