Аутистично момче поинтелигентно од Ајнштајн: Го собори рекордот на IQ тестот, на 6 години го знаеше периодичниот систем
Поради својата интелигенција Кевин неодамна доби официјален повик да стане дел од Менса...
На Кевин Свини (11), аутистичното момче од Велика Британија, коефициентот на интелигенција му е 162. Тој го решил тестот за интелигенција на Менса, а неговиот резултат е подобар од оној кој го постигнал Стивен Хокинг, чиј IQ бил 160.
Се претпоставува дека Алберт Ајнштајн, кој никогаш не го полагал тестот, имал еднаков IQ како и Хогинг.
Поради својата интелигенција Кевин неодамна доби официјален повик да стане дел од Менса.
Како што пренесува „Metro“, Кевин секогаш бил надарено дете. Почнал да чита пред да тргне во основно училиште, а на шест години напамет го знаел целиот периодилен систем на елементи.
‘Kevin Sweeney, who has autism, has ‘always been really clever’. He knew the periodic table at the age of six and could read before he had even started primary school.’https://t.co/Tiuzlicmxn
— SEND Unlocked (@sendunlocked) August 29, 2022
Еди Свини, таткото на Кевин кажа дека неговиот син е единствено дете кое го полагало тестот тој ден.
„Мислевме дека сите тие возрасни луѓе можеби ќе го уплашат, но тој разговараше со сите и им велеше: „Здраво, јас сум Кевин“. Многу сме горди на него. Трчаше низ дворот кога стигнаа резултатите. Тоа му значеше повеќе отколку што можевме да замислиме. Се надеваме дека тоа ќе му даде ветар во грбот“ - кажа таткото на Кевин.
Тој додаде и дека животот на Кевин е полн со предизвици, но дека сака момчето да го исполни својот потенцијал.
„Секогаш на луѓето им велевме дека е генијалец, а јас не го користам тој збор толку лесно“.
За потсетување, тестот на Менса се состои од два IQ теста. Секој кој е постар од десет и пол години може да го полага тестот, но за време на мерењето на резултатите, предвид се зимаат и годините на испитаникот.
фото: Принтсркин / Твитер