Aвантурите на Зоки Поки достапни онлајн: Епизодите од ТВ серијата и на YouTube

Aвантурите на Зоки Поки достапни онлајн: Епизодите од ТВ серијата и на YouTube

Објавена во: Stars // Филм

Сите епизоди од популарната телевизиска серија за деца „Зоки Поки“ се достапни за гледање на официјалниот YouTube каналкако и на веб-страницата ZokiPoki.mk.

Телевизиската серија се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма на Македонската телевизија, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. Веќе ден по телевизиската премиера, со бесплатно претплатување (subscribe), епизодата може да се гледа на YouTube каналот, овозможувајќи им на оние кои ја пропуштиле епизодата да останат во тек, а на оние на кои им се допаднала епизодата да ја гледаат одново по колку пати сакаат.

Покрај епизодите, на YouTube каналот се објавуваат и други забавни видеа за анимација на најмалите, вклучувајќи ги песните со кои завршува секоја епизода, компонирани од Александар Митевски, како и многу други изненадувања со хероите од серијата.

Улогите во серијата ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија), Матеј Зимбаков (Гоки) и Матео Матовски (Боки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев (таткото Филип), Даниела Иваноска (мајката Ивана) и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на бабата на Зоки, Оле.


Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницатаZokiPoki.mk.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: