Аврил Лавињ објави нова навистина интимна песна!
Пејачката Аврил Лавињ на 15 февруари ќе го обајви новиот албум „Head above the water“.
Некои песни веќе имавме можност да ги слушнеме, а Аврил одлучи да не израдува со уште еден сингл пред самото објавување на албумот.
Во прашање е песната „Warrior“ која ја опишува нејзината борба со лимфната болест. „Ова е прва песна која ја напишав за новиот албум, по „Head above water“. Во двете се зборува за борбата со здравјето, која продолжувам да ја водам секој ден. Се надевам дека моите песни ќе ви помогнат да пронајдете сила доколку ви е потребна“ – напиша Аврил.
Песната таа ја објави на Инстаграм, а истата слушнете ја ОВДЕ.