Авторите се издадоа: Што не очекува во новото продолжение на „Frozen“?
Популарниот цртан филм „Frozen“ го добива своето долгоочекувано продолжение. Скоро 6 години обожавателите со нетрпение ги чекаат новите авантури на ликовите од Снежното кралство, а сето тоа ни доаѓа во ноември. Веќе е познато дека неколку членови од актерската екипа и креативниот тим кажаа дека овој филм ќе биде еднакво добар, дури и подобар од оригиналот, а дознавме и што не во очекува во вториот дел.
Повторно ќе не дружат омилети ликови: Елса, Ана, Кристог, Олаф, Свен и троловите, но ги има и оние кои ни се помалку драги, како што е Ханс. Гласовите ќе им ги позајмат истите актери, а тоа значи дека повторно ќе ја слушаме Кристен Бел.
Меѓутоа, на екраните ќе се појават и барем два нови лик. Еден од нив е потполковникот Матијан, на кој гласот ќе им го позајми Стерлинг К. Броун, а вториот е мајката на Елса и Ана, кралицата Идуна, која ќе ја глуми Еван Рејчел Вуд. Иако мајката на сестрите е убиена, таа во продолжението ќе се враќа во сеќавањето на ликовите.
Самото сценарио на новото продолжение е добро чувана тајна, но оние кои стојат позади него открија неколку детали. Освен тоа, вистинските обожаватели веќе уживаат во најавата на продолжението.
Она што веќе се знае е дека филмот е „епска мистерија“, како што кажа режисерот Крис Бак. Додека дека во филмот се зборува за минатото кое не е какко шо изгледа и кое може да се закани на иднинатата на Арендел. Тоа минато ликовите ќе ги однесе на пат низ маѓепсаната шума, на север, а моќите кои некогаш биле силни, сега нема да бидат доволни.
Станува збор за потеклото на моќите на Елса, а ова патувањето прицезата ќе се сретне со необични суштества кои кралството досега ги нема видено. Убавата Елса така тргнува на пат кон самооткривање и пробува да дознае што се крие длабоко во неа. Освен тоа, очекуваме и се надеваме дека ќе видиме и продолжение на љубовната приказна помеѓу Ана и Кристоф.
Имено, се дознава дека Кристоф е во потрага по вистинскиот момент да ја запроси Ана. И тоа би можело да биде се од љубовните интереси, бидејќи Елса ни во овој момент не би требало да добие свој. Наместо тоа фокусот е на нејзиниот пат кон самооткривање бидејќи неа не ја дефинира романтиката, како што истакна авторката на музиката на филмот, Кристен Андерсон - Лопез.
„Има многу филмови во кои жените се дефинираат низ љубовен интерес. Тоа не е приказна која сега сакаме да ја раскажеме. Сакаме да покажеме како можете, доколку имате вакви моќи, да растете и да се менувате и да го пронајдете своето место во светот и да ги пронајдете одговорите кои претходно не биле откриени“ - објасни таа.
Музиката и во продолжението ќе биде еднакво спектакуларна, што е голем предизвик, бидејќи песната „Let It Go“ освои и Оскар. „Не сум сигурен дека смеам да го кажам тоа, но песните во ова продолжение се дури и подобри“ - рече Џош Гад кој својот глас го позајмува на Олаф. Песната која ќе го одбележи ова продолжение е за Елса која сака да се откаже, но конечно се предава на гласот од своето минато.