Бабa и дедо за прв пат му кажаа „не“ на внукот: Неговата реакција е срцепарателна
Мајката
Сидни Џонс успеала да го долови моментот на нејзиниот син,
односно неговото однесување откако за прв пат тој го слушнал зборот „не“ од неговите баба и дедо. А сцената што ја снимила многумина
ги растажила, но и насмеала.
Не е познато зошто баба му и дедо му му забраниле нешто, но за што и да било, нивното „не“ го растажило момчето многу. На видеото се гледа како тој само стои таму со наведната глава и повремено прави некое движење со рацете, како и самиот да не верува во тоа што го слушнал.
Видеото е прегледано речиси два милиони пати, а коментарите се мешани.
@keepinupwith_sydjones No. A word not often used by grandparents #toddlersoftiktok #foryou #foryoupage Sad Music - Max-Music
„Малиот изгледа како да минува низ најголемата криза во животот“, „Дајте му што сака, не можам да го гледам вака тажен“, „Знам дека не изгледа убаво, но децата така ги учат границите “, „Дали само мене ми е смешно ова?“, „Навистина е сладок, но жал ми е што го гледам толку тажен“, се дел од коментарите.
Фото и Видео: ТикТок