Бака Праса се обиде да ги реши проблемите со Ања во пренос во живо: Таа кратко му порача - „Благодарам, пријатно“
Ања во овој разговор беше многу остра кон Бака Прасе...
Веќе сите знаат дека Бака Прасе и неговата поранешна девојка Ања Благојевиќ ставија крај на врската на почетокот на оваа година. Од тогаш поминаа неколку месеци, а сега и зборуваа во еден стрим во живо во кој беше вклучена и Ања.
Бака Прасе се придружи на стримот во кој била вклучена неговата поранешна девојка Ања и еден негов пријател. Имено, Ања останала во добри односи со неговиот пријател кој бил исто така вклучен во стримот, а во еден момент им се придружил и Бака, но без камера.
Нивниот разговор не одел во најдобар правец со оглед на тоа што уште на почетокот на разговорот, Бака почнал да се шегува со Ања, што на неа очигледно не ѝ се допаднало.
Од разговорот е очигледно е дека Ања му поставила некои услови на Бака, па се претпоставува дека тоа се услови за повторно да бидат заедно, бидејќи Бака ѝ кажал му поставила нереални услови за љубов. Таа на тоа му одговорила дека условите воопшто не се нереални, а тој на ова ѝ кажал дека му е драга што поразговарале.
@malamu321 #bakaprase #anjablaa #foryoupage #foryou #fyp #viral #trending #balkan original sound - Mala Mu
Но, тука Ања ја свртела приказната и остро му одговорила: „Благодарам, пријатно“, по што Бака се исклучил од стримот.
Нивниот заеднички пријател, кој исто така бил вклучен во стримот, на Ања ѝ посочил дека не требало да му одговори толку остро на поранешниот партнер, бидејќи тој по гласот на Бака слушнал дека му е жал, но Ања не се грижела за тоа. Напоменала дека нема што да му каже, бидејќи тој не ги прифаќа нејзините услови. Очигледно е дека Ања е навистина лута на Бака, па затоа е можно и тој да е виновен за нивната разделба.
фото: Принтскрин / Инстаграм