Бака Прасе го „среди“ Ферарито: Во него се удрил друг автомобил, штетата се проценува на 50.000 евра
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на Јутјуб каналот објави видео во кое ги сними последиците и сообраќајната несреќа пред сплавовите во Белград.
„Оваа гребаница - 5.000 евра. Оваа овде е 4.000 евра, бидејќи е малку помала. Ова овде што е излезено, тоа 50.000 евра, тоа е некоја моја слободна проценка“ - набројуваше јутјуберот, за штетата која настанала откако настанала додека чекал да излезе на улица, а во него забил друг возач.
„Дали бил пијан или дрогиран, не знам, но нормален не беше“ - коментираше Бака Прасе.
Околу него се собрале минувачи и трубачи на кои им делел банкноти од 50 евра додека ја чекал полиција.
Кога пристигнале полицајците, напишале изјава, објаснил што се случило и направи алкотест кој покажал дека не бил пијан.
Возачот кој го удрил признал дека бил виновен.