Бака Прасе отвори нов ресторан: Поради бројот на обожаватели, интервенирала и полицијата (ВИДЕО)
Богдан, воодушевен се појавил со својот луксузен автомобил...
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, одлучи да го прошири бизнисот и покрај снимањето видеа за Јутјуб, одлучи да отвори и ресторани за брза храна.
Имено, неговиот локал беше запален на 16 јануари, и со тоа му беше нанесена голема штета, за што зборуваше на својот канал, а сторителот беше уапсен на 1 февруари.
Богдан објави дека ќе се реновира споменатиот локал, но и дека ќе отвори нов.
Очекувано, многубројни обожаватели на познатиот јутјубер се појавија на отварањето на ресторанот, а поради огромната гужба била присутна и полицијата.
Богдан се појавил со својот луксузен автомобил, без да се труди да го сокрие воодушевуваањето.
Baka Prase otvorio novi lokal u ulici gladnih. Intervenisala i policija zbog gužve! pic.twitter.com/OvNbSfFsgT
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) March 23, 2023
фото: Принтскрин / Јутјуб