Бака Прасе во прегратка со мајката на покојната Кика Ѓукиќ: Со тебе сме Наташа (ФОТО)
Со овој гест покажа дека е во добри односи со семејството на покојната јутјуберка...
Јутјуберот Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе ги изнеади корисниците на социјалните мрежи, кога на стори на својот Инстаграм профил објави фотографија со мајката на покојната јутјуберка Кика Ѓукиќ.
Имено, Богдан поради линчот кој го доживеа кон крајот на минатата година на социјалните мрежи, каде луѓето го обвинија за смртта на покојната Кика, потполно се повлече од јавноста.
Но, кога пред неколку дена официјално се огласи мајката на Кика, и во видео кое го објави на Јутјуб ги изнеси своите сомнежи, Богдан ѝ даде поддршка.
Тој сега на Инстаграм објави фотографија со Наташа, мајката на Кика, со што покажа дека е во добри односи со семејството на покојната јутјуберка.
„Со тебе сме, Наташа“ - порача тој кратко и јасно во описот на објавата, збогатувајќи го текстот со емотикон срце.
Јутујберот објасни дека Наташа го повикала да се видат, да му соопшти дека му ја простува јавната кавга која пред три години ја водел со нејзината ќерка.
Од таа причина, исто така, нагласи дека кон неа засекогаш ќе гаи голема почит и благодарност, бидејќи и во болната ситуацијата во која се наоѓа пронашла сила и љубов за да „погледне на другата страна“.
„Мене ми беше тешка и емотивна средбата, но на неа сигурно ѝ беше 10 пати потешко. Ми кажа дека сакала да ме убие поради нашата кавга од пред, сега три години и дека тоа засекогаш ќе ми го замерува, дека ми простува, но дека никогаш нема да заборави“ - напиша Богдан, па продолжи:
„Ми кажа дека тогаш на Кика сум влијаел многу негативно психички, но дека за ова што се случило не сум одговорен, бидејќи како што кажав пред 8 месеци, вистината е нешто сосема друго. Не можам доволно да ѝ се заблагодарам што ме праша да се видиме и што го објави видеото во кое се обидува да им ја покаже вистина на што повеќе луѓе. Најмалку што можам да направам е да ѝ помогнам нејзината приказна да дојде до што повеќе луѓе и како што бев убеден, правдата да излезе на виделина.“
„Жената која во нејзината ситуација најде сила и љубов во срцето да ми прости ја заслужува мојата доживотна почит и благодарност“ - заклучи Илиќ.
За потсетување, по повеќе од половина година, колку што помина од смртта на јутјуберката Кика Ѓукиќ, преку Јутјуб се огласи нејзината мајка Наташа, која ги изнесе своите сомнежи за смртта на ќерката.
фото: Принтскрин / Инстаграм