Имам информации во врска со нејзината смрт: Бака Прасе проговори за Кика Ѓукиќ, па се обрати на нејзината мајка (ВИДЕО)

Имам информации во врска со нејзината смрт: Бака Прасе проговори за Кика Ѓукиќ, па се обрати на нејзината мајка (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

„Нема да кажам дека знам, па утре да ме приведат, туку имам своја теорија, го кажав своето мислење тогаш кога требаше, и нема повеќе да коментирам“ - кажа Богдан Илиќ...

Кога Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва во својот стан, многу внимание доби нејзиниот однос со Бака Прасе, кој јавноста го осуди поради вербалното насилство кое преку интернет го вршеше над неа, некои дури и директно го обвинуваа за нејзината смрт.

Нејзината мајка неодамна објави видео во кое кажа дека се сомнева во тоа дека нејзината ќерка се убила, како што се тврди во официјалната истрага, а по тоа видео почнаа да се појавуваат теории, каде дури се споменува дека е виновна и една од нејзините другарки.

Обожавателите го прашаа Богдан Илиќ што има да каже на таа тема, а тој кратко одговори:

„Имам свое мислење на таа тема, нејзината мајка објави видео и покажа дека јас не сум причината. Ѝ благодарам за тоа. Имам свое мислење, теорија поврзана за тоа видео, и не само теорија, туку и информации, и потоа си поврзав сѐ во главата. Она што го претпоставував се испостави дека е така“ - кажа Бака и додаде:

„Нема да кажам дека знам, па утре да ме приведат, туку имам своја теорија, го кажав своето мислење тогаш кога требаше, и повеќе нема да коментирам“ - заврши Богдан Илиќ.

@kuco_gde_si #srbija #foryou original sound - OnWhite

Инаку, Вишото јавно обвинителство во Белград, по деталните проверки утврди дека нема место за покренување на кривична постапка против било кое лице, за било кое кривично дело, во врска со околностите под кои настанала смртта на Кристина Кика Ѓукиќ на 8 декември.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: