Откриена е причината за смртта на Кика Ѓукиќ: Се огласи обвинителството со сите детали
Вишото јавно обвинителство во Белград по деталните проверки утврдило дека нема простор за да се покрене кривична пријава против ниту едно лице...
Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ (21) трагично почина вечерта помеѓу 8 и 9 декември, во изнајмениот стан во центарот на Белград, а месеци наназад се испитува вистинската причина за нејзината смрт.
Долго се шпекулираше дека причината за нејзината смрт потекнува од пораките кои секојдневно ги добивала од хејтерите, а имаше и шпекулации дека станува збор за самоубиство, па затоа се чекаа токсиколошките наоди.
Според она што го пишува „Блиц“, Вишото јавно обвинителство во Белград, по деталните проверки утврдило дека нема место да покренување на кривична постапка против било кое лице, за било кое кривично дело, во врска со околностите под кои настапила смртта на Кика Ѓукиќ.
Одлуката на јавниот обвинител е донесена имајќи го предвид обдукцискиот извештај од кој произлегува дека причината за смртта е комбинирано труење со наркотична дрога МДМА и лекот бромазепам, разговори со нејзини блиски лица, постоење на проштални пораки и фактот дека претходно во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки.
Како што се дознава неофицијално, Кика два пати се обидела да се самоубие со скок од Бранковиот мост, по што била лекувана во клиниката за психијатарски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“ во годината од критичниот настан.
Според наводите на споменатиот медиум, на компјутерот во собата во која било најдено нејзиното тело, оставила проштални пораки адресирани до повеќе личности, а во моментот кога си го одземала животот, била сама.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб