Бакнеж со братот, има најлоши титули, но е најубава од сите: Џоли наполни 45 години
Една од најубавите холивудски актерки денес полни 45 години, а ова е листата со нејзините афери кои ги имала низ животот...
Американската актерка, продуцентка и филантроп Анџелина Џоли е одлична актерка, пожртвувана мајка, но и голема хуманитарка.
Анџелина Џоли својата прва улога ја има одиграно на 7 години, но нејзината актерска кариера остана во сенка од врската со Бред Пит. Поранешните сопружници се започнаа на снимањето на акционата комедија „Mr. & Mrs. Smith“ и веднаш се заљубија, а Бред поради неа во 2005 година се разведе со холивудската миленичка Џенифер Анистон.
Јавноста на парот му го даде прекарот Бранџелина, па за време 10 - годишната врска ја добија биолошката ќерка Шило и близнаците Нокса и Вивијен. Покрај своите биолошки деца, Пит ги посвои и Мадокса, Пакса и Захара како свои, бидејќи тоа пред него го направи Анџелина.
Нивната љубов делуваше како да ќе трае засекогаш, но лошите односи започнаа откако се венчаа во 2014 година, по барање на децата. Само две години подоцна се разведоа и од тој ден до денес се уште водат полемики околу старателството над децата.
Инаку, Анџелина на 7 години ја започна својата актерска кариера покрај својот татко Џон Војт во филмот „Lookin' to Get Out“.
Нејзината мајка Маршелин Бертран исто така била актерка, но почина во јануари 2007 година на 56 години, по долгата борба со ракот на јајниците и дојките.
Од истата болест почина и нејзината сестра. Џоли поради тоа одлучи да се подложи на мастектомија, односно отстранување на двете гради. Имено, генетскиот тест покажал дека Анџелина има 87% шанса да оболи од рак и одлучила првенствено поради децата да го намали тој ризик.
Џоли е многу посветена на децата и самата истакнува дека не прави разлика помеѓу оние кои ги има родено и оние кои се посвоени. Позната е како голема хуманитарка и ги промовира работите како образование, женски права, постапките кон бегалците и помага на африканските земји.
Актерката често ја вбројуваа во највлијателните луѓе во американска забавна индустрија, а често се појавуваше и на листите на најубави жени на светот. Но, последната година ги загржи сите со својот изглед, а многу нејзини обожаватели велат дека нозете и се слаби како чепкалки за заби.
Освен со Пит, таа беше мажена со уште два актери. Три години беше во брак со Џони Ли Милер, а исто толку траеше и нејзиниот брак со 20 години постариот Били Боб Торнтон. Јавноста беше фасцинирана од искажувањето на љубов кое го имаа со Били, поради тоа што тие еден од друг носеа шишенца со крв околу вратот.
Анџелина своевремено ја шокираше јавноста и со бакнежот во уста со нејзиниот роден брат, продуцентот и актерот Џејмс Хевен Војт. Додека го обожава брат си, Џоли со таткото Џон не била отсекогаш во добри односи. Таа му замерува на тоа што го напуштил семејството кога таа имала само една година, па нејзината мајка сама морало да ги израсне неа и Џејмс без финансиската поддршка од Џон.
Џон своевремено кажа во јавноста дека неговата ќерка имала ментални проблеми, а наводно односите им се средиле последните години, па дури некогаш одат заедно на вечера.
Џоли е позната и по љубовта кон змиите, кои ги чувала како миленици. Исто така ги обожава тетоважите, а на своето тело досега има 14.