Барбара Ракичевиќ се врати на плажата од нејзиното детство: Две исти фотографии направени во различни години
Младата и талентирана пејачка Барбара Ракичевиќ ова лето одлучи максимално да ги искористи топлите денови и да фати што подобар чоколаден тен. По посетата на Дубаи во мај пејачката го ужива секој слободен момент во бикини и на плажа.
„Денес кратко патување со брод до рајот“, напиша Барбара на фотографиите.
Интересно е што Барбара објави фотографија од истото место каде што летува во моментот, и кога била многу помала. Таа направи исти фотографии од сосема истата локација.
Енигма останува за која локација станува збор.
Во интервју за Женски магазин, Барбара изјави дека ова лето сака да и биде спонтано. Односно дека плановите не и се однапред направени.
„Во план ми е Грција можеби некој остров, па и Црна Гора или Хрватска, далечните дестинации ги оставам за кога е студено овде“, раскажа Барбара.
Таа откри дека на одмор најчесто оди со партнерот или пак блиските пријател.
Фото: Инстаграм