Барби издание по вкус на секоја девојка: Анастасија Ражнатовиќ знае како да носи тексас фустан за време на есента

Барби издание по вкус на секоја девојка: Анастасија Ражнатовиќ знае како да носи тексас фустан за време на есента

Објавена во: Мода // In and Out

Розовата боја е секогаш добар избор, а оваа година е тренд на кој ретко кој може да му одолее

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ во секоја прилика воодушевува со своите модни изданија, но без сомнение е на висина на задачата кога од неа се очекува елеганција.

Така беше и на синоќешната прослава во Белград, за која Анастасија избра несекојдневна и многу ефикасна комбинација.


Имено, таа пред насобраните фоторепортери се појави во интересен фустан од тексас, а нејзиниот избор падна на модел до колена и без ракави. Станува збор за едноставен, но многу шик фустан во два тона, што прави фигурата да изгледа поиздолжена со помош на потемната ткаенина од страните.

Анастасија го искомбинира овој фустан со трендот „Barbiecore“, кој годинава ги освои светски познатите девојки и со тоа остави одличен впечаток. Имено, таа се појави во розови чизми со високи потпетици.


На тоа додаде романтична кожена чанта во истата нијанса, а сè заокружи со елегантно палто во пудра-розова нијанса.

Секој дел поединечно е интересен, а вкупниот впечаток е исклучителен!

Извор: glossy.rs

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: