Бебето на свет го донесе сурогат мајка: Поранешната жена на Џони Деп стана мајка

Бебето на свет го донесе сурогат мајка: Поранешната жена на Џони Деп стана мајка

Објавена во: Живот // Живот

Американската актерка Амбер Херд вчера со следбениците на социјалните мрежи горди сподели дека добила бебе.

Имено, извори блиски до актерката за „Page Six“ открија дека бебето го родила сурогат мајка, откако актерката дознала дека не може да роди.

„Многу сум возбудена што можам да ги споделам овие вести со вас. Пред четири години одлучив да имам дете. Сакав тоа да го направам под свои услови“ - напиша актерката.

На ќеркичката ѝ го даде името Унаг Пјеџ Херд.

„Се надевам дека работите во општеството ќе станат нормални, дека бракот нема да биде услов за деца. Ќерка ми се роди на 8 април и таа е почеток на остатокот од мојот живот“ - порача гордата мајка.

Откако Амбер го помина разводот од Џони Деп и неколку години „влечење“ низ суд и обвинувањата за злоставување, сега конечно си ја пронајде среќата.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: