Бебето се разбудило во 3 часот наутро, а постариот брат направил нешто прекрасно
Глорија Мекинтош, мајка на шест деца од Охајо, била исцрпена
по напорниот ден кога го слушнала нејзиниот 18-месечен син Грејсон како се буди
во 3 часот наутро. Надевајќи се дека ќе се врати сам да спие, таа го проверила
со помош на мониторот за бебиња. Тоа што го видела и го стопило срцето!
Нејзиниот 10-годишен син Мејсон отишол во собата на Грејсон да го утеши својот помал брат. Мејсон многу го сака Грејсон, па следните 30 минути ги поминал во смирување на бебето за да му помогне повторно да заспие.
-На крајот го зедов бебето и го прашав син ми зошто не ме викна.Тој рече дека сака малку да се одморам бидејќи тој ден многу работев, изјавила мајката, и додаде:
-Иако родителството не е негова одговорност, фактот што тој разбра дека е чувар на неговиот брат и ги зема предвид моите долги денови како мајка е многу убав.
Колку ученици од четврто одделение би станале од креветот среде ноќ за да им помогнат на своите родители...
Погледнете го овој сладок момент на братска љубов во видеото подолу и не заборавајте да ја споделите оваа приказна.
Фото: screenshot