Бебето спасено од стомакот на починатата мајка не е само: Еве какво име доби (ВИДЕО)
Бебето Сабрина, која во неделата се роди во Газа како сираче, откако беше извадена од стомакот на починатата мајка со итен царски рез, не е сама. На неонатолошкиот оддел на болницата во Газа ја посетиле нејзината баба и вујко, кои ќе продолжат да се грижат за неа.
„Бебето на маченичката Сабрина Ал Сакани“ – тоа е името што лекарите го напишале на лентата околу раката на новороденчето тешко само 1,4 килограми, кое со итен царски рез било извадено од утробата на мајката која починала во Израелско бомбардирање на Рафах.
Во нападот загинаа мајката, таткото и сестрата на малото девојче.
Приказната за раѓањето на ова мало девојче го обиколи светот, а сега утешна вест пристигнува од Газа. Бебето закрепнува и напредува во инкубатор на одделот за неонатологија, иако сè уште има сериозни проблеми со белите дробови и дишењето.
Преживеаните членови на семејството се собрале пред болницата да го видат детето, но во одделението влегле бабата и вујкото по татко, кои ќе се грижат за детето. Ја нарекле Сабрина по нејзината мајка.
„Ќе бидеш добро, драга моја“, рече расплаканата баба над инкубаторот во кој има едно мало девојче чии нозе се дебели како прст на жена.
Бебето е родено во 30-та недела од бременоста тешко само 1,4 килограми. Иако се закрепнува, ќе помине уште три до четири недели на одделението за неонатологија, велат лекарите.