БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ и Тарик Филиповиќ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ и Тарик Филиповиќ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

Објавена во: После „Школо“ // PR

Родителството, несомнено, е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваатсо новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност,која трае цел живот. 

Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.

Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“:

„Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“

Значењето и важноста на рамнотежата во родителствотоги нагласи д-р Натко Бек: 

„Сите ниеправиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдобротово дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ правиподобри татковци! Важен е балансот во родителството.Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“

„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство. ’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познати татковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски. 


Овој настан предизвика интерес од хрватските медиуми. Во продолжение ќе споделиме и неколку објави од портали во Хрватска:

  1. https://diva.vecernji.hr/lifestyle/svatko-moze-postati-otac-ali-ne-moze-svatko-biti-tata-22460
  2. https://www.gloria.hr/gl/mini/tarik-filipovic-o-ulozi-zivota-lako-je-biti-otac-ali-treba-puno-vise-da-bi-bio-tata-15459247
  3. https://roditelji.story.hr/Za-mame-i-tate/Stvaran-zivot/a23862/poznati-tate-o-ocinstvu-na-becutanovoj-radionici-za-roditelje.html
  4. https://miss7mama.24sata.hr/roditelji/svatko-moze-postati-otac-ali-ne-moze-svatko-biti-tata-16677

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: