Бела Хадид објави селфи без шминка: Можно ли е лицето навистина да ѝ изгледа вака?
Бела објави неколку фотографии, а една особено им падна во очи на сите...
Бела сака да објавува на Инстаграм повеќе фотографии одеднаш, а доколку не ги гледаш сите до крај, тогаш сигурно го немаш видено нејзиното селфи без шминка. Навикнати сме да ја гледаме со лице прекриено со шминка, но оваа природна верзија ни е многу подрага.
Секогаш верзијата од познатите без шминка ќе ни бидат некако подраги, дури и ако не изгледаат совршено како што сме навикнати да ги гледаме. Некои и нѐ изненадуваат со тоа колку им е убава кожата. Особено, затоа што знаеме дека често носат многу шминка, која не е баш здрава за кожата.
Бела Хадид вчера објави селфи без шминка и ако е навистина без шминка и други филтери, кожата и е неверојатна. За да го видиш селфито, ќе мора да скролаш до четвртата фотографија.
Кожата ѝ изгледа блескаво и здраво! Нема никакви неправилности и сега сите сакаат да знаат какви производи за нега на кожа користи. Освен селфито без шминка, објави уште неколку фотографии, а особено е слатка и онаа на која се малата Каи и Донатела Версаче.