Бела Хадид се срами кога ќе се сети на една комбинација од црвениот килим: Еве која ѝ беше најголемо промашување
Како можела да го носи ова?
Иако може да кажете дека изгледа одлично во неа, таа не се чувствува одлично затоа што тоа не е нешто што вообичаено би го носела и што е нејзин стил. Но, ова често се им случува со познатите личности, тие треба да носат одредени комбинации кои им ги договараат стилистите со дизајнерите.
Бела Хадид секогаш изгледа одлично, има супер кежуал стил кој би сакале да го копираме доколку имаме пари. Изгледа како воопшто да не се труди и како да го облекува првото нешто што ќе ѝ дојде при рака, но сигурно е секоја комбинција на која и се восхитуваме е многу добро смислена. Таа сега за „Вог“ ги искоментираш нејзините 15 највпечатливи модни комбинации, оние за кои сите зборуваа. Особено се издвои една, затоа што искоментира дека сѐ уште се срами од неа. Станува збор за „аутфитот“ што во 2016 година го носеше на Канскиот филмски фестивал.
Светот беше воодушевен од овој заводлив изглед, но не и Бела. Таа призна дека била многу нервозна кога го носела овој фустан. Иако знаела дека изгледа добро, се чувствувала нервозна затоа што имала премногу шминка, но и поради многу големиот шлиц на нејзиниот фустан. Во тој фустан едноставно не е своја на своето. Дури и денес, се чувствува засрамено кога ги гледа тие фотографии. Откри дека ова всушност е почеток во кој почнал да се формира нејзиното алтер -его Белинда, што е тотално спротивно од самата неа.
Денес, таа е многу попаметна при изборот на облеката за на црвените килими, а еден од последните „аутфити“ со кои неодамна воодушеви е и овој: