Бела Хадид скокна од авион и призна: Луѓето што ги сакам, ги терам да скокаат со мене (ФОТО)

Бела Хадид скокна од авион и призна: Луѓето што ги сакам, ги терам да скокаат со мене (ФОТО)

Објавена во: Совети // Другарство

Познатата манекенка го сака адреналинот кој доаѓа во пакет со екстремните спортови...

Бела Хадид моментално престојува во Доха каде учествуваше на Fashion Arabia Prize Awards. Но, патувањето во Катар одлучи да го искористи за повторно да скокне од авион со падобран.

Очигледно е дека манекенката го сака адреналинот, бидјеќи ова и е седми ваков скок. 

„Мојата токсична особина е луѓето што ги сакам да ги натерам да скокнат со мене од авион“ - напиша во објавата на Инстаграм. 

Сепак, не откри која е таа личност, која се согласила да скокне заедно со неа.

На ваков храбар потег за првпат се одлучи во 2017 година, во Дубаи. Своето воодушевување го сподели со обожаватели на Инстаграм и кажа дека во животот никогаш не се чувствувала толку смирено. Скокот го спореди со лет со ангели.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: