Белите повеќе не се број 1: Еве кои две бои на патики ќе бидат апсолутен хит оваа пролет

Белите повеќе не се број 1: Еве кои две бои на патики ќе бидат апсолутен хит оваа пролет

Објавена во: Мода // In and Out

Добрите патики ќе ја збогатат секоја „стрит стајл“ конбинација, а белите патики се симнати од тронот и тоа го направија модели во две други нијанси...

Без разлика дали сте љубител на елегантните комбинации или обожувате високи потпетици, јасно е дека патиките се обувки кои секогаш треба да ги имате во вашата колекција, како основа на сите спортски или „стрит стајл“ комбинации.

Изгледа дека неколку сезони наназад најпопуларни беа белите патики, кои одлично се вклопуваа во разни комбинации, но дојде време за други две нијанса да ги тргнат од тронот.

Секако, тоа не значи да заборавите на белите патики, но ако се одлучите да купите нови патики за оваа сезона, трендовите одат во корист на други две бои, кои исто така може лесно да се вклопат со различни комбинации.

Оваа пролет ни ги носи следните два модни хита:

# Сиви патики

Нема грешка со сивите патики! Станува збор за вистинска основна боја и затоа лесно се комбинира со секоја комбинација. Без разлика дали ќе облечете нешто еднобојно или шарено, сивите патики се одличен моден додаток, а даваат и специфична ноншалантност и ќе се носат и цело лето.

# Зелени патики

Освен зелените чанти, голем хит оваа пролет ќе бидат и зелените патики. Минатата година најголем тренд на сезоната беше зелениот капут, а сега секоја девојка со стил мора да има зелени патики, кои ќе асоцираат на ведрината на пролетта, будењето на природата... Секако, патиките не мора да бидат целосно зелени, може да бидат и во две, три или четири нијанси, но пожелно е зелената да биде една од нив.



Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: