Беше мега-популарна, денес е мајка и сопруга: Како сега изгледа Касaндра?
Експанзијата на латино-американските серии во Македонија почна во 1997-1998 година, а најпопуларна беше „Касандра“ од Венецуела. Убавата актерка Кораима Торес во улогата на Касандра ги освои срцата на гледачите.
Врв на популарноста беше кога Касандра во серијата заврши во затвор, па во некои земји на поранешна Југославија луѓето пишуваа петиција да се ослободи. Се продаваа и албуми со сликички со ликовите на Касандра, Ранду, Луи Давид, Доринда...
Денес, Касандра има 46 години. Таа уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.
Таа и денеска, во петтата деценија, изгледа одлично.