Без неа не би можел да се вратам на сцената: Дали Бака Прасе најде нова девојка? (ФОТО)

Без неа не би можел да се вратам на сцената: Дали Бака Прасе најде нова девојка? (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберот вели дека наскоро ќе ѝ ја претстави на јавноста, оваа, за него многу важна личност...

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна од Амстердам се врати во Белград. По кратката медиумска илегала, по разделбата со Ања Благојевиќ, како и по притисокот од јавноста по смртта на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ, Бака се враќа на својата работа.

Инаку, тој вчера на својот Инстаграм профил напиша дека наскоро на сите ќе им ја претстави новата личност која, како што вели, му ги разубавила последните два месеци и без која не би имал сила да се врати на сцената, а многумина сметаат дека станува збор за нова девојка.

„Вчера видов дека ме следеле медиумите додека поминував време со личноста која ми го разубави животот изминатите два месеци... Пробав да ја сокријам таа информација од јавноста, но тоа изгледа дека не е можно... Вечерва ќе ја запознаете и се надевам дека ќе ја прифатите, бидејќи без неа, не би можел да се вратам на сцената“ - напиша Бака Прасе.

фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: