Без оваа боја на нокти не одете никаде: Предлози за најбараниот маникир за оваа пролет
Зелената боја изгледа неверојатно „стајлиш“ и „тренди“ на ноктите, особено оваа пролет!
Пролетната сезона се наближува, а со доаѓањето на омилениот период од годината, време е да закажеме маникир на кој ќе биде отсликано нашето расположение.
Со оглед на тоа што природата се буди, цветовите расцветуваат, а тревата и дрвјата стануваат сѐ позелени, време е тоа да го пренесеме на ноктите.
Трендовите во салоните за убавина ширум светот покажуваат дека моментално најбарана нијанса на лак за нокти е зелената - од светлите, па се до најтемните нијанси.
Најпопуларни се оние во кои доминира една впечатлива нијанса на зелената боја, од лимета тоновите, па сѐ до минт нијанси, но постојат и многу опции за оние кои сакаат да имаат цртежи на нотките, француски маникир и слично.
Во продолжение погледнете неколку интересни и интригантни маникири во кои зелената боја го имаа главниот збор, кои сигурно ќе ви послужат како инспирација:
фото: Принтскрин / Инстаграм