Без пардон, Бресквица ја официјализираше врската: Скокна во прегратките на новото мускулесто момче
Анџела Игњатовиќ на почетокот на годината ја прекина врската со популарниот Војаж, а некоку месеци подоцна најде нов партнер...
Популарната пејачка Анџела Игњатовиќ Бресквица по разделбата со Михајло Веруиовиќ Вожаќ заплови во нова љубовна романса со едно мускулесто момче.
Иако пејачката не се огласуваше во домашните медиуми за својот нов емотивен партнер, сега го покажа, објавувајќи заедничка фотографија, на која се гледа дека му скока во прегратка. Фотографијата ја имаше украсено со срчиња, а потоа истата ја објави, меѓутоа без да го означи ова момче. Судејќи по сѐ, тоа е истото момче кое пред неколку ендели го бакнуваше на улица.
Мистериозното момче според пишувањата на српските медиуми, наводно е осум години постаро од неа и е член на Интерветната единица.
Да потсетиме, Војаж објасни дека Бресквица раскинала со него, и дека тие двајца не се пријатели и дека не се слушаат, но и дека е горд на периодот кој го поминале заедно.