Безобразни ѕвезди: Бибер ги плука фановите, а што прават останатите?
Фановите
одлучија да ги споделат непријатните искуства што ги доживеале со своите идоли и верувајте некои од нив навистина се шокантни. За жал некои од познатите
личности биле безобразни и пред да станат популарни, а на некои очигледно им „удрила“ славата во глава. Токму заради тоа фановите одлучија да ги споделат своите
непријатни искуства и да го покажат вистинското лице на некои од најпознатите
ѕвезди на денешницата пишува Ranker.
Еве кои се најбезобразните холивудски ѕвезди и што најчесто прават.
Џастин Бибер
Кога една обожавателка се обидела да направи селфи со Џастин Бибер, безобразно ѝ се развикал и ја навредувал со најпогрдни зборови. Исто така викал и по фановите во публиката затоа што зборувале за време на концертот во 2016 година, а во 2013 г. ги плукаше обожавателите кои беа собрани под неговата хотелска соба во Торонто. Но подоцна неговиот менаџер го негираше настанот и тврдеше дека немало никој под неговата тераса и дека Бибер не плукал никого.
Ријана
Во 2014 тинејџерката Алексис Картер била инспирина од една модна комбинација на Ријана, костум со крила од лилјак, па одлучила исто така да се облече за нејзината матурска вечер. Картер сама си ја изработила облеката, а РиРи ја нападна нејзината обожавателака со тоа што ја исмеваше на Интернет. Пејачката почна да објавува фотографии на Твитер со хаштагот #PromBat и останати невкусни објави за матурантката. Подоцна Картер изјави дека била многу навредена и признала дека Рири и баш многу не ги сака обожавателите како што прикажува.
Аријана Гранде
Во 2013 година Ден и неговите ќерки Џен и Кели биле подготвени да ја запознаат Аријана, кога Џен победила на натпревар што го спонзорирале MTV, VH1 и Pepsi. Ден за оваа средба пишуваше и на својот блог и кога по долго исчекување конечно ја запознале Аријана таа не поминала со нив ни 15 секунди. Направиле и неколку фотографии, но Аријана побарала веднаш да бидат избришани.
Тоби Мегваер
Обожавателите веќе одамна го изгласаа Тоби за најнедостапна позната личност особено кога станува збор за автограмите и фотографирањето. Во своите мемоари Моли Гејм во 2014 напиша дека Тоби ѝ понудил покер чип од 1000 долари, за таа да почне да лае како куче. Кога го одбила тој ладнокрвно ѝ рекол: „Не се зафркавам? За да бидеш богата нема ли да лаеш?“.
Кристина Агилера
Кристина Агилера можеби е вокална дива, но гласините говорат дека таа секогаш не била коректна кон своите обожаватели. Додека била член на жирито наThe Voice, таа прекорила еден од натпреварувачите бидејќи сметала дека не посветува доволно внимание на нејзините критики и неколку пати го замолила пејачот да ги соблече панталоните. Нејзиното лошо однесување, според гласините не се однесува само на фановите, туку и кон екипата со која работи.
Адам Левин
Фронтменот на Maroon 5, Адам Левин, ја шармираше публиката како судија во The Voice, но озборувањата велат дека тој секогаш и не е многу љубезен со обожавателите. Тој на девојка која му побарала автограм наводно ѝ одговорил: „Не давам автограми на грди девојки“.
Сандра Булок
Eдна обожавателка раскажува дека таа и нејзиниот сопруг, кој бил воен вереран вo инвалидска количка, ја сретнале Булок додека престојувала во Бостон, на снимањето на филмот "The Heat" во 2012 година. Тиe знаеле дека Булок е зафатена, но не очекувале дека таа толку ќе се вознемири и ќе почне да вика само заради еден автограм.
Роберт
Патинсон
Ѕвездата од филмот „Самрак“ ги навреди своите обожаватели со изјавата: „Понекогаш се прашувам, што прават овие луѓе тука по цели денови. Тие седат пред своите компјутери и коментираат сè и сешто, имало тоа врска со мене и мојата работа или не.
Фото: Инстаграм