Би требало да ја избришеш: Софија Вергара со фотка од 90 - тите направи хаос, а во сѐ се вмешана и Ирина Шајк

Би требало да ја избришеш: Софија Вергара со фотка од 90 - тите направи хаос, а во сѐ се вмешана и Ирина Шајк

Објавена во: Живот // Живот

Иако се редеа позитивните коментари, еден особено го привлече вниманието на сите...

Софија Вергара крева прашина каде и да се појави, а многумина би кажале - со причина.

Преубавата актерка, иако е во петтата деценија, изгледа подобро од многу помладите колешки, а покрај фотографиите од секојдневниот живот, на својот профил споделува и фотки од младоста.

Со последната направи хаос, а изреагира дури и познатата манекенка Ирина Шајк. Фотографијата е од 90 - тите, кога жувеела во Мајами и се занимавала со манекенство.

Згодната Софија воодушевува со својата убавина, а коментарите само се редеа.

„Посвој ме“, „Преубава си“, „Кралице“, „Дали е можност сѐ уште да изгледа исто?“ - се само дел од коментарите кои ѝ ги оставија следбениците, а коментар ѝ напиша и познатата Ирина. Таа напиша: „О, мој Боже“ - со емотикони во форма на оган.

За само 15 часа, фотографијата собра скоро половина милион лајкови, но помеѓу позитивните коментари се најде и еден негативен од едно момче чија реакција ги збуни сите.

Под коментарот на Ирина, момчето напиша дека не е примерно да се споделуваат вакви содржини за време на рамазанскиот пост.

„Поради почит кон муслиманите би требало да ја избрише“ - напиша, на што многу следеници на Вергара му посочија дека нема зошто да го посетува профилот на актерката доколку има такви морални принципи, поради кои се навредува.

По овој повод актерката не се огласи, што и не е толку изненадувачки, бидејќи како што таа истакна повеќе пати, „нема време за хејтери“. 



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: