Бијонсе блеска од гордост, а ние се прашуваме дали е ова нормално: Нејзината ќерка Блу Ајви (10) носи накит што чини колку стан во Скопје
Ќерката на Бијонсе, Блу Ајви Картер, ја шокираше публиката на саботната "Wearable Art Gala" во Лос Анџелес, кога носеше пар дијамантски обетки од 85.000 долари.
Иако за многумина ова во најмала рака изгледа необично, мама Бијонсе беше исклучително горда.
Добитничката на Греми награда носеше фустан на Гучи по мера, а креацијата имаше сребрени ѕвездени апликации на горниот дел.
Пејачката ја прегрна малата Блу Ајви, која беше облечена во шик кралско син костум, но многумина сметаа дека оделото подобро ќе ѝ одговараше на малку постара девојка.
Најстарата ќерка на Бијонсе и Џеј Зи носеше црни ракавици и сребрен накит што совршено се совпаѓаше со чантата од дијаманти. Имаше и црни чизми на платформа.
Бијонсе позираше со својот сопруг, познатиот рапер Џеј Зи, но Блу Ајви дефинитивно го украде шоуто.
Дали ви се допаѓа нејзиниот моден стил?
извор:najzena